“ОПОРАВУВАЊЕТО НЕ ОДЕШЕ ПО ПЛАНОТ“: Александра Шијакоска по операцијата е повторно во болница (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата инфлуенсерка Александра Шијакоска, која пред неколку дена излезе од болница по операцијата на туморот на мозок, утрово со своите следбеници на Инстаграм сподели дека е повторно хоспитализирана.

Шијакоска сподели две фотографии, на кои напиша:

“Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука.“

“Многу ми е тешко. Да се навикнам на новата беспомошна и психички нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам оваа ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам.“

останати вести