182
Кајли Миног неодамна го одржа долгоочекуваниот концерт во Ливерпул арената како дел од нејзината музичка турнеја „Tension“.
Пејачката за таа пригода носеше син комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината завидна фигура.


Публиката беше пријатно изненадена од изданието на омилената џебна Венера, со оглед на тоа што таа длабоко зачекори во својата шеста деценија.


Како што кажавме модната комбинација ја откри завидната фигура на пејачката, а таа уште еднаш докажа дека овој донекаде провокативен стајлинг не е резервиран само за помладите девојки.
Покрај неверојатните вокални способности, како и чувството за сценски костими, пејачката покажа и сериозни танцови движења.
