ОДМОРОТ МУ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПЕКОЛ: Естонски турист веќе 110 дена преживува со грицки на аеродром

by Тони Зографски

Естонскиот турист Роман Трофимов вели дека веќе 110 дена живее на напуштен аеродром на Филипините поради пандемија на корона вирусот.

Штедел една година за патување од соништата, а сега е заробен на аеродромот затоа што Манила донесе посебни правила за време на борбата со круната.

Тој патувал во Југоисточна Азија кога започна воведувањето на карантин и тврди дека му е одземен пасошот.

Во бизарна сага што потсетува на славниот филм „Терминал“ со Том Хенкс, Естонецот странските медиуми изјави дека со месеци јаде и спие на аеродромот. Како и да е, тој одржува лична хигиена во тоалетите, иако веќе има долга брада и коса, а персоналот му обезбедува храна и грицки. Му било речено дека мора да остане таму додека не се сменат правилата за карантин.

Трофимов повикува на помош за да се спаси од аеродромот, каде што е од 20 март, откако пристигна со лет од Бангкок.

Очајниот турист моли за помош и вели дека аеродромот изгледа како град на духови – персоналот ретко се гледа, а повеќето авиони се приземјени.

Како што рече, спие на метални столици и ладниот под на аеродромот.

На крајот, естонскиот конзулат успеа да му помогне и тој беше префрлен во патничкиот салон на 1 април.

Тој посочи дека се чувствува како затвореник и дека ја замолил амбасадата за помош, но дека таа не може да организира повратен лет.

После долг период на перипетии, Трофимов објави дека конечно се враќа дома и дека неговиот авион ќе слета во Талин на 9 јули.

останати вести