Од коронавирусот почина главниот лекар од болницата во Вухан (ФОТО)

by Тони Зографски

Главниот доктор на болницата во Вухан Лиу Жиминг почина вчера откако се зарази со коронавирусот „Ковид-19“,  објавија кинеските медиуми. Тој  беше директор на болницата Вочанг во градот за кој се смета дека е епицентар на болеста. Неговата смрт ја потврди „Чајна Дејли“, официјалниот весник на кинеската комунистичка партија.

Весникот ја твитна веста: „Лиу Жиминг, директор на болницата во Вухан , Вучанг, почина на 17 февруари поради инфекција со COVID19. Тој е првиот директор на болницата што почина од коронавирус. РИП.”

Тој е последен во низата медицински лица кои се жртви на оваа болест, која досега заразила 71.450 лица.

Вкупниот број на загинати во моментов изнесува  1.776, со петмина надвор од Кина.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com