Од коронавирус почина легендарната коментаторка Милка Бабовиќ

by Тони Зографски

Поранешната југословенска атлетичарка и легендарна спортска коментаторка родена во Скопје, Милка Бабовиќ, почина денеска, на 93-годишна возраст,  по компликациите предизвикани од ковид-19 со кој се зарази на крајот на октомври.

Бабовиќ почина во Загреб, каде живееше од 1948 година

Во својата атлетска кариера, Бабовиќ два пати беше светски студентски и балкански првак на 80 метри со пречки, а титулата државен првак ја освојуваше рекордни 17 пати во поранешна Југославија.

Во 1957 година започна долга и успешна кариера во спортското новинарство, станувајќи заштитен знак на телевизиските преноси од уметничко лизгање на просторите на поранешна СФРЈ.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com