ОВОЈ ЛЕК ДОКАЖАНО ГО УБИВА КОРОНАВИРУСОТ: Откритие на Руската биомедицинска агенција

by Тони Зографски

Руската федерална биомедицинска агенција направила препарат за лечење коронавирус на основа на антималарискиот лекот мефлокин, соопшти прес службата на агенцијата.   Противвирусната активност на лекот мефлокин, според примерокот на Ковид-19 е докажана.

Во соопштението се прецизира дека истражувањата проценувале за антивирусното делување на овој лек.

„Докажано е дека Мефлокинот целосно го блокира развојот на цитопатското дејство на вирусот САРС-ЦоВ-2 (патоген Ковид-19), во ќелиската култура во концентрација од 2 µг/л. Оваа концентрација во плазмата се постигнува по консумирање на лекот во терапевтски дози одобрени за употреба кај луѓето“ – се наведува во соопштението.

Истражувањата се правени во Научно-производниот центар „Фармацевтска заштита“ при Федералната биомедицинска агенција во Русија, со учество на 48-от Централен научно-истражувачки институт на Министерството за одбрана.

Во соопштението се прецизира дека истражувањето го проценило антивирусното делување на лекот.

 

останати вести