Објавена листата на 100 најдобри чоколади во светот

by Тони Зографски

Чоколадото е една од најомилените намирници во светот, познато по својот богат вкус и способноста да пружи вистинско гастрономско уживање.

Се добива со преработка на зрна од какао, а постои во различни форми – од темно и млечно до бело чоколадо. Многумина го консумираат како десерт, но и како состојка во бројни слатки и напитоци.

Според изборот на „Taste Atlas“, најдобрите чоколади можете да ги пробате во Белгија, Франција и Италија, бидејќи од секоја од овие земји на листата се најдоа по осум чоколади од различни брендови.

Второто место според бројот на најдобри чоколади го заземаат САД со чоколади од седум различни брендови, додека на третото место е Швајцарија со шест различни брендови на чоколади.

На листата се најдоа и земји како Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Данска, Германија, Гана, Унгарија, Индија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Перу, Шведска, Шпанија и многу други. Целата листа можете да ја погледнете на официјалниот профил на „Taste Atlas“ на Инстаграм.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com