6
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3 ноември.
Oд 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,50 ден/л
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,50 ден/л
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 72,00 ден/л
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 ден/л
- мазут М-1 НС 36,427 ден/кг
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари/килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари/килограм.
