НОВИ МЕРКИ: Со заштитни маски во маркетите, банките, поштите…, а на отворено во пазарите и во редиците при влез

by Тони Зографски

-Полицискиот час од 19 часот до 05 часот. Возрасните над 65 години наместо како досега од 10 до 12 часот ќе можат да се движат од 08 до 12 часот, а за младите до 18 години, од 13 до 16 часот. За викендите полицискиот час да започне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 05 часот наутро. Граѓаните да носат средства за лична заштита во затворен простор (банки, пошти, маркети…) , а на отворено во местата каде нема простор за дистанца од два метри, како на пример на пазарите.  Не мора да се носи средство за заштита ако е на дистанца од 2 метри, ако вози велосипед , ако е во двор или ако се вози во возило со лица со кои живее , – се дел од препораките што комисијата за здравство и предложи на Владата, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Утре Владата ќе ги разгледа овие мерки.

Филипче се осврна и на починатите мајка и син од Велес

„Според сите анализи, состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации кои ги добија докторите од Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила пред 3 до 5 недели од моментот на пронаоѓање, што е практично во текот на март, а не во јануари, како што иницијално тоа беше споменато“, рече Филипче.

 

 

 

 

останати вести