Новак Ѓоковиќ доби патики од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски (ФОТО)

by Тони Зографски

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби специјална пратка за време на неговиот настап на Вимблдон 2025 – бели патики Асикс со уникатна рачно насликана уметност, подарок од македонското студио „Swithadot“, основано од уметникот Сатја Грабулоски.

Грабулоски, кој е од Македонија и живее во Скопје, уште од 2016 година го води „Swithadot Studios“, кое денес брои над 30 уметници ширум светот. Студиото е познато по персонализирани дизајни на патики за врвни имиња како Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и многу други.

– Тенисот е ново поле на кое планираме да се фокусираме уште повеќе. Моето омилено дело досега е токму парот „OneOfAKindS“ што го направивме за Ѓоковиќ. Тој е уникатен во секој поглед. Овие патики ги направивме во 2021 години, но конечно сега пристигнаа до Новак – изјавил Грабулоски за „Forbes“.

Патиките што Ѓоковиќ ги доби се изработени врз основа на моделот „Asics Japan S“, со бела основа и дизајн инспириран од српската симболика – два орли со двојна глава, обоени со расфрлана боја во боите на српското знаме. На нив е присутно и симболичното лого „GOAT“ (најдобар на сите времиња), исто како кај моделите за Роналдо и Џејмс, а задниот дел е посветен на фондацијата на Ѓоковиќ.

останати вести