НИКОЛА ДИМИТРОВ И СИН МУ СЛАВЕА РОДЕНДЕН: “Далеку сум уште од 50-ка да сме на чисто“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров преку својот Фејсбук профил им се заблагодари на своите пријатели за роденденските честитки.

„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци! Важни се годините, но важен е и духот, како што впрочем вели сликава. Инаку, далеку сум уште од 50ка да сме на чисто“, напиша Димитров.

Инаку Никола Димитров наполни 47 години.

останати вести