Никол Кидман првпат се појави во jaвноста по веста за разводот од американскиот кантри музичар Кит Урбан.
Таа викендов ја посетила аукцијата „amFAR“ во Далас, а која се случила само неколку дена откако медиумите пренесоа дека поднела барање за развод од музичарот Кит Урбан со којшто беше во брак 19 години.
Никол на спомнатата аукција ја врачила наградата на својата соработничка од серијата „Лавица“, Тејлор Шеридан.
Во еден момент, Кидман споделила порака за подигнување на нашите заедници и „нашата заедничка совест“.
„Мислам дека она што Тејлор го препознава, како и сите ние, е дека сите имаме повеќе сличности отколку разлики и дека сме пoдобри кога се грижиме едни за други и тоа секако е причина зошто вечерва сме тука“, рекла во своето кратко обраќање актерка.
„Постои ли подобар начин да се поддржиме, да ја издигнеме нашата заедничка човечност отколку да помогнеме во финансирање на смелите и иновативни истражувања“, додала таа.