НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Роди близнаци на 68 години, сопругот има 77, а никогаш немале деца

by Тони Зографски

68-годишна жена од Лагос роди здрави близнаци, што е прв таков случај во Нигерија – пренесуваат медиумите ширум светот за парот што никогаш не се откажа.

Маргарет Аденуга роди момче и девојче со царски рез во 37-та недела, а ова и беше прва бременост, соопштија докторите од болницата во Лагос.

Како што информира лекарот Ваису Адехемо, Маргарет останала бремена со вонтелесно оплодување, а таа и нејзиниот сопруг Ноа се пресреќни.

“ Маргарет и Ноа кој има 77 години, никогаш не се откажаа, и по бројните обиди конечно успееја – рели Адехемо.

Инаку, медиумите потсетуваат дека најстара првороткиња во светот е жена од Индија, која лани, на 73 години роди близнаци.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com