НЕЈЗИНОТО ЛИЦЕ Е СОВРШЕНО: Моника Белучи ја фотографирале одблизу (ФОТО)

by Тони Зографски

Моника Белучи на 12 ноември ќе игра во претставата „Maria Callas, Lettres et Memoires“ во Париз.

Тимот по тој повод пред неколку денови престојувал во француската престолнина и воодушевил со својот стил и убавина.

Важна актерска задача е пред италијанската дива која во Париз се појавила во црно-бела модна комбинација. Спојот на класичните бои одлично ѝ прилега на Моника Белучи чиј моден вкус многу се критикува.

Тоа што никогаш не било предмет на критики е нејзината несекојдневна убавина. Фотографите ја фотографирале италијанска дива и направиле докази дека нејзиното лице е навистина совршено.

Тоа што е најважно е фактот што Моника и на 58-годишна возраст е поборник на природна убавина. Нејзе не ѝ пречат брчките ниту пак сè останато што времето ѝ го носи на секоја една жена, а што никако не ја намалува нејзината убавина.

Фаталната бринета Моника Белучи е пример дека годините не се ограничување на женската убавина. Таа и денес е една од најубавите познати дами, а на таа листа се наоѓаат и имиња кои штотуку зачекорија на јавната сцена.

останати вести