НЕВЕРОЈАТНО: Во стан од 100 квадрати имаат дури 444 новогодишни елки (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Томас Јероним од Ринтелн, гратче во Германија, го обожава Божиќ. Тоа го докажува и неговото украсување на домот за празниците оваа година.

Тој и неговата сопруга Сузана секоја година го украсуваат секој агол од нивниот стан од 100 квадратни метри. Лани во станот имале 420 елки, а годинава уште повеќе, дури 444 украсени елки.

Го украсиле дури и тоалетот, а Германскиот институт за рекорди им доделил признание за станот со најмногу украсени новогодишни елки, пишува порталот ГДР.

Станот има дури 300 светилки, 10.000 лампиони и разни тематски украси, како патки на бор или украси од Војна на ѕвездите.

„Здраво, јас се викам Томас Џеромин, имам 55 години и навистина го држам светскиот рекорд за најмногу новогодишни елки на едно место“, изјави овој Германец.

Пред пандемијата на коронавирус, Томас организирал и тури низ својата божиќна земја на чудата. Ова сега не е можно поради хигиенските прописи, соопшти заводот за евиденција – во нивниот дом веќе нема многу место.

останати вести