НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ВО БРАЗИЛ: Фудбалер падна во тунел, па дозна дека голот не важи (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Фудбалерот на Коритиба, Јаси Марањао, доживеа неверојатен пех во бразилското првенство – откако постигна гол, скокна преку рекламните панели за да го прослави, но пропадна во отворен тунел кон соблекувалните. Како капак на сè, ВАР утврди дека бил во офсајд и го поништи голот, а Марањао по падот се повреди и беше заменет во второто полувреме.

Неверојатна сцена го одбележа натпреварот од бразилското првенство меѓу Коритиба и Шапекоенсе, откако фудбалерот на домашниот тим Јаси Марањао по постигнатиот погодок скокна преку рекламните панели за да го прослави голот и буквално пропадна во отворен тунел.

Дваесет и деветгодишниот Марањао мислел дека погодокот му донел предност на Коритиба од 2:0. Во еуфоријата тргнал кон трибините, ги прескокнал рекламните панели, но веднаш зад нив имало отворен пристап кон тунелот кој води кон гостинската соблекувална.

Фудбалерот не успеал да го забележи отворот и паднал директно во тунелот.

Сцената изгледала драматично, но Марањао успеал да стане и да продолжи со играта до крајот на првото полувреме.

Тогаш следувал уште поголемиот пресврт.

ВАР-системот ја проверил ситуацијата околу голот и утврдил дека Марањао бил во офсајд. Погодокот бил поништен.

Така, за неколку минути фудбалерот доживеал цела низа на емоции – од радост и славење, преку пад во тунел, до поништен гол.

Падот, сепак, оставил последици. Иако продолжил да игра во првото полувреме, во вториот дел било проценето дека не може да продолжи, па бил заменет поради повредата.

останати вести