НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈА Е ПОУБАВА: Моника Белучи со своите ќерки на прошетка низ Портофино (ФОТО)

by Тони Зографски

Моника Белучи ужива на одмор во популарниот Портофино, а друштво и правеа нејзините ќерки Дева (16) и Леони (11).

Ова е една од ретките прилики познатата актерка да се прошета со двете ќерки во јавноста, со оглед на тоа што со години љубоморно ги чуваше од очите на светот и папараците.

Но, девојчињата дефинитивно пораснаа – Дева дури започна да се занимава со моделирање, а Моника и нивниот татко – францускиот актер Винсент Касел веќе не инсистираат силно на приватноста.

Да потсетиме, познатата Италијанка беше во брак со Касел од 1999 до 2013 година, па дури и по разводот тие останаа во коректна врска токму поради децата.

И мајка и ќерки прошетаа низ Портофино во лежерни, опуштени облеки – без шминка и специјални фризури. Моника носеше фармерки ѕвонарки и црна свилена кошула, и ги надополни со ефективна црна плетена чанта и високи потпетици.

Славната Италијанка секогаш ја држеше за рака 11-годишната Леона, која како и повеќето модерни тинејџери, носеше преголеми парчиња – фармерки и обична сива маица.

Дева дефинитивно привлече најголемо внимание во едноставно, но сепак тренди издание – избра бели фармерки од популарен крој, краток бел топ, модерни патики и преголем сив дуксер.

Инаку, оваа 16-годишна девојка минатата година направи срамежливи, но сигурни чекори во светот на моделирањето, па ја краси насловната страница на списанието „Elle“, а ја наследи мајка си како муза на италијанското дизајнерско дуо Dolce & Gabbana“.

Оваа црномуреста тинејџерка дефинитивно не е копија на Моника, иако потсетува на нејзините помлади денови, но ја има грациозноста на нејзината мајка и е украсена со автентична убавина и харизма, па не е ни чудо што и предвидуваат блескава кариера.

останати вести

Comments are closed.