НЕ РАБОТИМЕ ОД ДОМА, ТУКУ ЖИВЕЕМЕ НА РАБОТА: Вработените во Гугл и Фејсбук се преморени

by Тони Зографски

Според неодамнешното истражување на апликацијата Blind, дури 68% од вработените во Силиконската долина се повеќе изморени додека работат од дома, одошто кога се во канцеларија, пренесува Business Insider.

Исто такво истражување, Blind спроведе и во февруари оваа година, кога процентот на “прегорени“ од работа биле 61% од испитаниците.

Најголем процент на изморени од работа дома имаат Google (79%) и Facebook (81%).

Иако работата од дома, посебно во услови на пандемија, има бројни предности, некои истражувања покажуваат дека работното време е продолжено за повеќе од час и половина, а луѓето бидејќи се дома, немаат ред и работат многу повеќе одошто кога се во канцеларија.

Истражувањето на Blind, исто така, покажува дека 60% од 3.023 испитаници работат многу повеќе часови дневно за разлика од времето поминато на работа пред пандемијата, а најизразено е тоа во Amazon (67%) и Microsoft (70%).

останати вести