“НЕ МИ Е ДОБРО“: На Лане Гутовиќ му се слоши среде претстава

by Тони Зографски

Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ колабирал среде претстава, пишуваат на Твитер неколкумина кои присустувале на овој настан.

Тој ја играл претставата „Обична вечер“, рекол дека не му е добро и по десетина минути колабирал на сцената. Mногумина во салата помислиле дека се шегува, но сфатиле дека е сериозно кога завесата се спуштила.

73 годишниот Гутовиќ итно е пренесен во болница.

Инаку, Милан Лане Гутовиќ е најпознат по улогата на Шојиќ во филмот Тесна Кожа.

останати вести