Не им дозволиле свадба во ресторан, па изнајмиле авион (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Епидемиолошките мерки речиси секаде забрануваат свадби и групирање, но некои не можат да се откажат од намерата да направат веначвка и покрај сите забрани и опасности. Парод Индија, Ракеш и Дакшина, одлучил да изнајми авион на два часа за да си направи свадба.

Ти се од Мадураи и не дозволиле епидемиолошките мерки заради пандемијата да ги спречат да уживаат во најубавиот момент во животот заедно со своите најблиски.

Ситуацијата во Индија е ризична, но тие успеале да најдат „дупка“ во законот и како што велат правилата не важат за авион или во воздух.

Резервирале 160 седишта на летот од Бенгалуру до Мадураи и судбоносното ДА го кажале точно во моментот кога авионот бил над храмот Менакши Аман во Мадураи, пренесува ДНК Индија.

Видеото од оваа необична венчавка стана вирално на социјалните мрежи.

останати вести