НЕ Е ЗА СРАМЕЖЛИВИ: Хотел на Ибица нуди соба во која може бесплатно да се преспие (FOTO)

by Тони Зографски

На Ибица постои хотел со соба во која гостите можат да преспијат бесплатно, но има еден услов. Веднаш штом ќе ја видите собата ќе сфатите кој е условот. Ако се одлучите да преспиете во оваа соба сите ќе Ве можат да ве видат бидејќи ѕидовите се направени од стакло, а се наоѓа токму во фоајето на хотелот.

Апартманот наречен „Зеро апартман“ во хотелот „Парадизо Арт“, според управата на хотелот „не е погоден за срамежливите“, бидејќи се работи за просторија затворена со проѕирни ѕидови.

Исто така апартманот се наоѓа во лобито на хотелот, што значи дека најверојатно ќе има доста гужва и времето за спиење.

Позитивната страна е што гостите ништо не треба да платат за престојот во чудниот апартман, што веднаш прави работите да звучат попримамливо.

 

останати вести