“НЕ ГО НАПАЃАЈТЕ НОВАК, ЈАС СУМ ВИНОВНА“: Српската премиерка во заштита на Ѓоковиќ

by Тони Зографски

Српската премиерка Ана Брнабиќ застана во заштита на Новак Ѓоковиќ и одлучи да превземе дел од вината.

– Сакам да му дадам полна поддршка, секој чест. Сакаше да направи нешто добро за сите нас, не само за Србија, туку за целиот регион. Сакаше да помогне, да собере пари, и секоја чест за тоа – рече Брнабиќ и додаде:

-Ако може да се префрли вината на мене, а него да го оставите во мир, тоа го сакам најмногу на светот. Ете, тоа е наша вина, ние го попуштивме мерките, тој ги послуша препораките и ете јас сум виновна. Оставето го човекот на мира, моја е одговорноста. За мене тоа беше прехумана намера, секоја чест и целосна поддршка – рекла српската премиерка на гостувањето на телевизија Пинк.

Инаку, Новак Ѓоковиќ е мета на критики од целиот свет, а особено од британските медиуми, откако организираше турнири во Белград и во Задар на кој се заразија неколку тенисери. Тој е позитивен на Ковид 19 и се наоѓа во самоизолација.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com