“НАЈДОБРИОТ Г’ЗОПЕВЕЦ ВО ГРАДОТ, ВАШИОТ ЗАДНИК ЗНАЕ ШТО Е ДОБРО”: Пиљара во Гевгелија си ги рекламира производите (ФОТО)

by Тони Зографски

Со кромид млад за Бадник ќе ја пољубиш само во врат“, стои на најновата реклама на една гевгелиска пиљара која на досетлив начин ги промовира своите производи во екот на новогодишните и божиќните празници.

На Фејсбук страницата на пиљарата постојано се објавуваат смешни рекламни пораки кои го привлекуваат вниманието на корисниците. Една од тие реклами е „Не биди папучар, купи си домат јабучар“.

А пак, неделната реклама за новото гравче е „ремек дело“ на авторот. Како и секогаш на некои ќе им биде привлечна и смешна, а на некои бизарна и некултурна, но целта ги оправдува средствата.

„Сакате да бидете погласни од вашиот комшија за Бадник, а не знаете како??? Ние го имаме решението за вас!!! Најдобриот г’зопевец во градот!!! Да беше лето ќе го варевте на сонце!!! Затоа што вашиот задник знае што е добро!!!“, пишува во рекламната порака за гравчето од гевгелиската пиљара.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com