НАЈГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Олимписко сребро со златен сјај за Дејан Георгиевски

by Тони Зографски

Нашиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, освои сребрен медел во натпреварувањата во таекводно на ОИ во Токио. Македонскиот нов херој во категоријата над 80 килограми, стигна до сребрениот медал, откако во финалето, по голема борба загуби од Владислав Ларин од Русија со 15:9.

На патот до финалето, Георгиевски забележа три победи. Македонецот го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8. Во полуфиналето, ривал на Георгиевски беше фаворизираниот јужнокорејскиот таеквондист Кјо Дон Ин кој го победи со 12-6.

Претходно, Македонија како самостојна држава на Олимписките игри имаше еден бронзен медал и тоа на ЛОИ во Сиднеј од борачот Могамед Ибраимов.

 

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com