НАСТАВНИЧКА ПО МАТЕМАТИКА КОПА ПО КОНТЕЈНЕРИ ЗА ДА СЕ ПРЕХРАНИ: Еве како изгледа нејзиното мени (ФОТО)

by Тони Зографски

Наставничката по математика Иде Мик Габан (39) од Даблин откри дека преживеала два месеци само со храна од контејнери. Ноќе, вели таа, го обиколува своето соседство и ги пребарувала контејнерите со цел да се намали вкупната фрлена храна во нејзиниот град, и така си обезбедила три оброка дневно и закуски и заштедила уште повеќе.

Таа се опишува себеси како „еколошки воин“ и јаде сè, од контејнери – овошје, зеленчук, месо, готови јадења и чоколади. Своето движење таа го нарекува „фреганизам“ и вели дека во основа станува збор за „присвојување на фрлената храна“.

– Само за еден месец заштедив 700 фунти благодарение на контејнерите – вели Иде, која инаку е во брак со научникот Кјаран (38), кој не јаде како неа, но не му пречи што Иде јаде од контејнерите.

– Зборувам за тоа отворено, дури и на работа. Честопати, кога наоѓам добри задоволства како крофни, ги носам во комората и оставам знак дека крофните се бесплатни, но и дека се од контејнер. Многу луѓе се згрозени од тоа, не гледам зошто – вели таа, додавајќи дека добива и ужасни погледи од минувачите додека бара храна во контејнери.

Еве како изгледа нејзиното дневно мени:

Појадок: Пециво со поминат рок на траење.
Ужина: Овошна салата.
Ручек: Бајат готов сендвич кој го тостира.
Вечера: Фрлен ориз или паста со зеленчук или готов оброк.
Десерт: Топло чоколадо со фрлено млеко во прав на кое му прошол рокот.

„Најлошото на кое што можете да наидете е згужвана амбалажа од јогурт кој истекол или такво нешто. Не копам по секој контејнер, само по контејнерите на супермаркетите кои фрлаат храна“, вели Ида, додавајќи дека во својот начин на живот гледа само предности бидејќи е еколошки поприфатлив, ја спасува фрлената храна и истовремено заштедува многу пари.

 

 

 

останати вести