Холивудската актерка Брук Шилдс во својата автобиографија открила дека епизодната улога која во 1996 година ја одиграла во серијата „Пријатели“ го предизвикала деструктивното однесување на нејзиниот тогашен сопруг, легендарниот тенисер Андре Агаси.
Во легендарната серија, Брук Шилдс ја глумела Ерика, необичната обожавателка на Џои Трибијани (Мет Лебланк), која била уверена дека тој всушност е д-р Дрејк Рамореј од американската сапуница „Days Of Our Lives“.
За потребите на снимањето, таа ги лижела прстите на Лебланк – што неверојатно го налутило нејзиниот сопруг.
„Ми рече дека сум го направила будала, седна во својот автомобил и се одвезе дури до Вегас. Таму, во напад на бес ги скршил сите свои тениски трофеи“, открила актерката во своите мемоари од 2014 година.
Експлозивното однесување на поранешниот сопруг на холивудската ѕвезда всушност било последица на консумирањето „кристал мет“, синтетичка дрога која создава акутна депресија, психотични напади и трајно го оштетува мозокот, за што Агаси пишувал во својата автобиографија „Open“.
Во неодамнешно интервју за „New Yorker“, Шилдс повторно се осврнала на брачните проблеми кои ги доживеала додека ги снимала „Пријатели“.

„Андре беше во публиката и ме поддржуваше. Во еден момент излета од студиото и рече: ’Сите ме исмеваат, направи будала од мене!‘“
Брук Шилдс и Андре Агаси не се во контакт 14 години
И покрај тоа што негативно се одразила на нејзиниот брак со Агаси, контроверзната сцена ѝ помогнала на актерката да добие улога во ситкомот „Suddenly Susan“, која се емитувала од 1996 до 2000 година. Сепак, среќата на деловен план останала во сенката на неподносливото однесување на нејзиниот сопруг.

Непознатите детали од турбулентниот брак со Агаси холивудската ѕвезда ги открила и во својот документарец „Pretty Baby“. Говорејќи за проектот, Шилдс неодамна за „People“ дека 14 години немала никаков контакт со поранешниот сопруг. Сепак, таа му е благодарна за една работа – ѝ помогнал да се одвои од суровата мајка и менаџерка Тери Шилдс, која починала во 2012 година.
И покрај проблемите на приватен план, Брук Шилдс смета дека улогата во „Пријатели“ ја афирмирала.
