Навреди за Ана Брнабиќ откако доби син

by Тони Зографски

Српската премиерка Ана Брнабиќ е цел на навреди и непристојни коментари откако пред два дена нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ го роди синот Игор. Така, дел од медиумите од регионот но и светот ја пренесоа веста дека премиерката на Србија стана „татко“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги  осудил непристојните коментари.

“Тоа е примитивизам. Вака нема да напредуваме“, изјавил Вучиќ.

И потпретседателката на Владата, Зорана Михајловиќ ги осудила непристојните коментари.

“Секое дете кое се роди во Србија заслужува добредојде кога дојде на свет, а не да биде дочекано со грди зборови и навреди. Можете со некој политички да не се сложувате, да го критикувате, напаѓате, но е недозволиво детето кое тукушто се роди да се користи за напад на политичките неистомисленици“, рекла таа.

Инаку, Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ се во врска околу 10 години.  На синот тие му го дале името Игор.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com