“НА ОЛИМПИЈАДАТА ГИ ПОТРОШИВМЕ СИТЕ КОНДОМИ“: Го бркаше Ѓоковиќ во Лондон, а остана запаметена по една изјава

by Тони Зографски

Парагвајската атлетичарка Лерин Франко оствари добри резултати во текот на кариерата, но светска слава достигна благодарение на убавината. Атлетичарката беше една од најатрактивните за време на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, а во центар на внимание беше и во Лондон.

Таа e позната и поради тоа што постојано го следеше Новак Ѓоковиќ за кого кажа дека е нејзин омилен спортист.

Исто така, ја возбуди јавноста кога призна дека сите кондоми ги потрошила за време на Олимписките игри.

“Видов и доживеав сè. Моите цимери едвај чекаа да го завршат натпреварот и да ги потрошат сите кондоми што ги добија. Никој од нив не размислуваше за резултатите. Бидејќи бев во врска со момче од националниот тим, не ми останаа кондоми, “ рече убавата атлетичарка.

Инаку, Лерин во 2006 година беше прва придружничка на изборот за мис на Парагвај, а по завршување на спортската кариера се посвети на спортското новинарство во една локална телевизија.

https://www.instagram.com/p/CD2ZEG6F7OB/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

 

останати вести