155
Синоќа ненадејно почина поранешниот ракометен репрезентативец и тренер на Пролет, Александар Јовиќ. Имаше 52 години.
Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина, а во богатата кариера ги носеше дресовите на четири шампиони на Македонија.
Во 1997/98 беше дел од составот на Јафа Промет од Ресен. Настапуваше и за Вардар, Пелистер и Металург каде ја заврши играчката кариера.
Тренерската ја почна во Автокоманда, ги водеше Металург 2 и првиот тим, а потоа работеше во Битола во Еурофарм Пелистер 2 и во првиот тим, каде имаше голем успех и ја врати титулата по 18 години, пред да го преземе Пролет.
Беше дел од славната генерација македонски репрезентативци кои играа на СП 2009 и ЕП 2012.
