Глумецот Себастијан Ати почина ненадејно на 25-годишна возраст, пренесува Е! Вести. Неговата смрт е потврдена во јавноста од каналот Дизни.
“Почивај во мир, Себас. Твојата работа и насмевка ќе живеат вечно. Ние секогаш ќе те паметиме по твојот талент, пријателство и големо срце. Сочувствуваме со твоето семејство, пријателите и фановите”, напишаа од Дизни во официјалното соопштение.
Причината за смртта сè уште не е позната.
Ати беше познат по улогата во серијалот O11CE што се емитува на каналот Дизни. Тој го играше ликот на Лоренцо Гевара, а глуми и во мексиканската теленовела Ла Роса де Гвадалупе.
Веднаш по веста за неговата смрт, колегите и пријателите почнаа да се збогуваат со него на социјалните мрежи.
„Ќе те сакам засекогаш, брат“, напиша актерот Гвидо Пенели.