“Денес Вера, Надеж, Љубов а јас со нова песна зашто таква е мојата релација со музиката …полна вера, надеж и љубов“, напиша популарната пејачка Наташа Крстевска попозната како Мијата на својот профил на Фејсбук, објавувајќи го и видеото од нејзината нова песна.
„Се надевам ќе Ви се допадне ова музичко патешествие кое го овековечи мојот настап на овогодинешниот Controllers’ Music Festival“, додаде таа.
Зад музиката и текстот стои Мијата, додека аранжманот е на Дамир Пух.