МОЈАТА БИВША КРАДЕ ЦИТАТИ: Агнеса и Роберт Орданоски не престануваат да се “закачаат“

by Тони Зографски

Фамата околу љубовната драма, разделбата на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса Органџиева сега продолжува преку кавга за украден цитат. Имено, Агнеса неодамна објави цитат за кој кажа дека е нејзин.

“Постојат два различни типа на начин на размислување:
Луѓето со фиксиран начин на размислување веруваат дека овие квалитети се вродени, фиксни и непроменливи.

Оние со размислување кое се развива, од друга страна, веруваат дека овие способности можат да се развијат и зајакнат со посветеност и напорна работа.“

На овој цитат, Оргаџиева беше потпишана.

Орданоски го пронашол оригиналиот линк каде што е споделен овој цитат и напишал:

„Порака до мојата поранешна, кога цитираш нешто, наведи го изворот. Сепак, цитатот е одличен.“.

останати вести