“МИ ДИЈАГНОСТИЦИРАА ТУМОР“: Македонскиот јутјубер Стефонатор проговори за борбата со ракот на тестисите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Познатиот македонски јутјубер Стефан Рашковиќ, познат како Стефонатор во отворена исповед преку неговиот јутјуб-канал, откри дека во последните неколку месеци ја води најтешката животна борба.

Стефан во јули 2020 година, на 23-годишна возраст, дознал дека има тумор во тестисите и дека ќе му биде потребна операција и долг процес на заздравување.

„Некаде летото 2020 осетив болки во тестисите, бев на лекар, ми препишаа антибиотик, кој ми помогна и болките ги снема. Но, неколку дена после тоа чувствував пак нешто чудно… Повторно отидов на лекар, Ми направија дополнителни испитувања. 23 јули 2020 е ден што никогаш нема да го заборавам, ми дијагностицираа тумор“, емотивно раскажува Стефан.

„Најлошото нешто што можете да го направите во тие моменти е да го земете телефонот и да гуглате. Веднаш во глава ти доаѓаат илјада сценарија, веднаш помислуваш на нajлошото“, продолжува Стефан.

Toj вели дека лекарите му сугерирале дека единствено решение е итна операција. Го оперирале и потоа следела хемотерапија.

– Лекарите ми рекоа да се оперирам, што побрзо толку подобро, да не чекам подолго од еден месец. Јас чекав да помине мојот роденден, и потоа веднаш се оперирав – додава Стефан.

Младиот јутјубер раскажал дека поминал четири циклуси на хемотерапија во текот на неколку месеци, при што имал и компликации, но и дека поради тоа што зафатот бил неуспешен, пред него е уште една операција.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com