“МЕНЕ МЕ РОДИ МАЈКА СРБИНКА“: Додик со хармоникаш влезе во претседателството на БиХ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Со хармоники и со песните „Мене ме роди мајка Србинка“, „Нема те више Алија“ и „Рашири ги рацете стара мајко“, Милорад Додик влезе на денешната седница на претседателството на Босна и Херцеговина, откако претходно вети дека ќе ги отфрли сите одлуки.

Додик кој е член на претседателството од српска националност, на снимка го фатија неговите колеги социјалдемократи од неговата партија СНСД кои објавија видео како тој ја пее „Србинка ја роди мајка ми“.

Додик се јавил и кај својата мајка и ѝ ја испеал песната на Шабан Шаулиќ „Рашири ги рацете за стара мајко“.

Заедно со Додик, на оваа претстава, меѓу другите, присуствуваа и Сташа Косарац, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ, како и Радован Ковачевиќ, портпарол на СНСД.

https://twitter.com/i/status/1450033307165630465

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com