Медиумите го умреа најдобриот тениски тренер на сите времиња, тој изјави дека е жив

by Тони Зографски

 Бројни светски медиуми денеска објавија дека еден од најпознатите тениски тренери, Ник Болитиери, за кого многумина велат дека е најдобар во светот на сите времиња, починал денеска на 91-годишна возраст.

Оваа вест ја објави неговата ќерка Анџелик Ен на социјалните мрежи.

„Мојот татко замина на другиот свет. Молете се за него. Те сакам тато“, напиша Ен Болитиери.

Но познатата тениска академија “ИМГ“ ја демантираше веста и ја презентира изјавата на легендарниот тренер.

“ Сакам да ве уверам дека сеуште сум жив. Не може ништо да го уништи овој италијански старец. Овде го имам моето семејство и пријателите и тоа ме прави среќен“ , изјавил Болитиери.

Инаку, американските медиуми јавија дека Болитиери починал во неделата како последица на бубрежна инфекција. Тој беше познат по својата тениска академија во Флорида низ која минаа голем број тениски ѕвезди, вклучувајќи ги Моника Селеш, Андре Агаси, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс, Марија Шарапова, Мартина Хингис, Мери Пирс, Ана Курњикова и Борис Бекер.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com