“МЕГАН И ХАРИ ЌЕ СЕ РАЗВЕДАТ“: Се огласи сестрата на војвотката од Сасекс

by Тони Зографски

Полусестрата на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Саманта Маркл, тврди дека принцот Хари и нејзината полусестра се пред развод и дека е само прашање на време кога ќе заврши нивниот брак. Таа јавно ги советуваше Меган и Хари да посетат брачен советник.

-Гледам дека ова ќе заврши со развод ако тие не отидат на советување и ако не испратат искрено извинување до секој што е оштетен во текот на овие две години од нивните игри, – рече Саманта.

Таа вели и дека нејзината полусестра лаже дека не се виделе последните 18 години.

-Лага е, имаме многу заеднички фотографии сите овие години, тврди Саманта.
Во прилог на ова тврдење, на Twitter се појавија фотографии на кои се гледаат Саманта и Меган.

Саманта не е во добри односи со Меган и принцот Хари, тие не комуницираат, но таа зборува јавно за нив иако никогаш не сретнала никого од кралското семејство.

останати вести