Мајка со сопственото тело го штити 5- годишниот син пред разбеснет ротвајлер (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Застрашувачката снимка од мајката Наталија, која го користи своето тело за да го заштити својот петгодишен син од разбеснетиот ротвајлер, додека крвари по каснувањето, стана вирална.

Нападот на мајката и детето се случил вчера попладне на улицата „Медногорскаја“ во Екатеринбург, а го снимиле соседите кои не можеле да ѝ помогнат на несреќната мајка бидејќи и нив кучето им се заканувало дека ќе ги касне.

https://twitter.com/bateman_pa12732/status/1894948452255035501?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1894948452255035501%7Ctwgr%5Eb6315bb5ec47a316afb3f7f5b29401e18a2af53b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fmajka-so-sopstvenoto-telo-go-shtiti-5-godishniot-sin-pred-razbesnet-rotvajler-video%2Fa687043

Наталија лежи над синот, од нејзината рака обилно тече крв и го натопува снегот. Дури по половина час успеале да го одвојат бесниот ротвајлер од истрауматизираната жена и нејзиниот мал син. При одење во болница, на Наталији ѝ биле констатирани бројни каснувања на двете раце, како и отворена скршеница.

Според изјавите на очевидците, кучето најпрво се нафрлило на детето, а Наталија, обидувајќи се да го заштити својот син, претрпела страшни повреди.

Повеќе од половина час никој не можел да им пријде на Наталија и нејзиното мало момче кое неутешно плаче, бидејќи ротвајлерот трча наоколу за повторно да нападне.

Наводно се работело за куче на сопственик на продавница, кое претходно ги напаѓало минувачите.

 

останати вести