МАРКИЈАН ГИ НАУЧИ БРОЈКИТЕ: Синот на Ребека наполни 13 години (фото)

by Тони Зографски

Ребека Јанковска- Ристески, вели дека ноември ѝ е еден од најсреќните месеци во годината. Тогаш е роден нејзиниот најстар син Маркијан кој завчера наполни 13 години.

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“што го основа, помага на многу лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби. Ребека за Женски магазин отворено зборува за секојдневието со својот син.

“Маркијан ги научи буквите,бројките и боите конечно. Би сакала да научи и да чита. Тој е одлично прифатен, инклузиран во ОУ. Димо Хаџи Димов и на роденден му дојдоа и десетина другарчиња од училиште.  Се радуваше на секој пристигнат гостин и ми вели: „Мамо, сите дојдоа“ вели Ребека за среќата на синот кој боледува од ретката болест, туберна склероза.

Повеќе на Женски магазин. 

останати вести