МАЛИОТ ГУРБИНДО ГО ДОНЕСЕ ТАТКО МУ ВО МАКЕДОНИЈА: Новото засилување на Вардар е светиниколски зет (ФОТО)

by Тони Зографски

Најновото засилување на Вардар, шпанскиот ракометен репрезентативец, Едуардо Гурбиндо, порано во Македонија доаѓаше само преку Кире Лазаров, кој беше негов соиграч во Барселона и се уште е во Нант. Меѓутоа веќе некое време тој има уште посилна врска со нашата земја.

Имено, веќе подлго време Гурбиндо е македонски зет, а неговата партнерка е Елена Милева од Свети Николе.

Елена и Едуардо со неколку фотографии на социјалните мрежи објавија дека ќе добијат принова. Оттука, врз трансферот на Гурбиндо во Вардар, сигурно имал влијание и најважниот член на нивното семејство, кој наскоро треба да дојде на свет.

“ Малиот Гурбиндо доаѓа наскоро. Не можам да ви објаснам колку сум среќен“, објави Едуардо на Инстаграм.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com