Македонскиот голман заразен со коронавирус

by Тони Зографски

Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски е позитивен на вирусот „Ковид-19“ и нема да допатува во Скопје за подготовките на А репрезентацијата за натпреварите против Ерменија и Грузија.

Во текот на вчерашниот ден, пред полетување за Скопје, нашиот репрезентативен голман ги добил резултатите од тестирањето кој за жал, покажале присуство на вирусот Ковид-19.

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски подоцна ќе информира за дополнителен повик на голманската позиција во најдобрата селекција.

Исто така, поради повреда, подготовките на А селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски. Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com