МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

by Тони Зографски

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата трагедии кои се случија во изминатиот период, вклучително и вчерашната несреќа во Прилеп, повеќе сообраќајки, како и трагедијата во Кочани.

Тој директно го прашува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој неодамна престојувал во Дубаи, дали успеал да научи нешто од тамошниот систем на функционирање:

– Таму законот е за сите ист, има луѓе возат Бугати и ако пишува 60, ќе вози 60. Исто се казнува за прекршок и ако возиш Бугати и ако возиш Рено. Тоа може и кај нас да се направи ако се сака, вели Зафиров кој како пример го даде австрискиот Грац каде за една година има НУЛА загинати во сообраќајки, додека во Македонија бројките се драстично поголеми.

Зафиров за неодамнешното насилство врз Арсовска истакна дека независно од тоа дали некој е од некаква партија, или не е, секоја жена мора да се чувствува безбедно и заштитено, а одобрување на такво насилство е навреда за секоја жена.

За крај Зафиров порача дека доколку нешто не се смени во Македонија ќе се случи егзодус.

– Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек. Овде ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме ако нешто не се смени, порача Зафиров.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com