МАКЕДОНСКАТА ПЕЈАЧКА ВО БИКИНИ: Тежината е само бројка која решив да не ја забележувам (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ која беше во „Ѕвездите на Гранд“ напиша моќна порака на Инстаграм со фотографија во бикини.

“Тој ден кога го облеков костимот за капење сфатив дека дефинитивно тежината не е таа која ме дефинира како човек. Тежината е само бројка која од тој ден решив воопшто и да не ја забележувам во бележниците. Па некој ден доколку сум покачила 200 грама да се казнувам. Не!
Повеќе не.
Сакам да живеам. Сакам слободно да се движам. Сакам да дишам слободно.
Кога излегов од пресоблекувалната и го облеков костимот велев на глас дека не можам да дишам. Мозокот ми се бореше и сигурно го прифаќаше фактот дека повеќе нема да може да контролира.
Готово крај е. Ова е крај на еден нов почеток.
Врвот всушност е секој ден!“- напиша Ивона на Инстаграм.

View this post on Instagram

Тој ден кога го облеков костимот за капење сфатив дека дефинитивно тежината не е таа која ме дефинира како човек. Тежината e само бројка која од тој ден решив воопшто и да не ја забележувам во бележниците. Па некој ден доколку сум покачила 200 грама да се казнувам. Не! Повеќе не. Сакам да живеам. Сакам слободно да се движам. Сакам да дишам слободно. Кога излегов од пресоблекувалната и го облеков костимот велев на глас дека не можам да дишам. Мозокот ми се бореше и сигурно го прифаќаше фактот дека повеќе нема да може да контролира. Готово крај е. Ова е крај на еден нов почеток. Врвот всушност е секој ден! #bodypositive #transformacion #PROUD

A post shared by Ivona Jovanovic (@ivonajo) on

View this post on Instagram

Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност. Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини. Балканот ни сервира како нормални да бидеме дефинитивно. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди. Мислите што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако. Некои од вас и ме сликаа на базенот но ако. Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон. Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим. Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива. Моето тело ме служи цел живот и вечно ќе сум му благодарна. А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено. Секоја несовршеност на него денес ја засакав. Се извинувам на моето тело. A на вас кои ќе ја споделите сликата и ќе прокоментирате како групата на примитивни луѓе денес на базен можам само да ви посакам љубов. Да го засакате вашето тело и ум половина колку што јас си го сакам ќе ви биде доволно и ќе сте исполнети. PS. Костимот е од @sarafashionofficial ❤️✌️ #bodypositive #PROUD

A post shared by Ivona Jovanovic (@ivonajo) on

останати вести