МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ ГО НОСИ ЗАСЕКОГАШ: Навивачка го истетовира бројот и потписот на Манасков (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонскиот ракометар, Дејан Манасков на својот Инстаграм профил се пофали дека навивачка на Веспрем си направила тетоважа во негова чест.

Беата Молнар е навивачка, која на својот профил денеска објави фотографија од тетоважа со логото на Веспрем, а над него број два и еден потпис. Тоа е вешт обид за копирање на ракописот на Дејан Манасков, а бројот два е бројот на неговиот дрес.

Манасков го видел овој гест, ѝ се заблагодарил на навивачката и самиот воодушевен го споделил на својот Инстаграм.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com