МАКЕДОНЕЦ СПАСЕН ОД ДАВЕЊЕ ВО НЕА ПОРИ

by Тони Зографски

70-годишен турист од Македонија за малку ќе се удавел додека се капел во морето во Неи Пори, Грција, објавуваат грчки медиуми.

Мажот загубил свест додека бил во водата, а за среќа, спасувачот брзо го забележал и го извлекол онесвестениот маж од морето.

Не морало да се врши реанимација, бидејќи човекот се вратил во живот со помош на кислородот што му го дале спасувачите, како што може да се види и од фотографијата објавена од protothema.gr.

– Тој пливал во морето во Неи Пори и изгубил свест во водата. Сепак, брзо го забележал спасувачот кој втрчал во морето и го извлекол. Му дал кислород и тој се вратил во живот без потреба од реанимација. Брзата помош пристигнала и човекот бил пренесен во болница, од каде што бил отпуштен по два дена – изјави Адонис Киурцидис, надзорник на спасувачите.

Туристот дошол кај кулата на спасувачот кој му го спасил животот и срдечно му се заблагодарил.

останати вести