Кралицата на поп-музиката, Мадона, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако позирала во фустан со крој кој го истакнал нејзиното деколте.
Таа носела розов фустан сличен на ноќница и проѕирна наметка. Изгледот го надополнила со виткана фризура, едноставна шминка и „Baby Phats“ потпетици, што ги носела во 2005 година додека го промовирала албумот „Confessions on a Dance Floor“.



Со овие фотографии, таа ја најави својата повторна соработка со издавачката куќа „Warner Records“, а она што особено ги израдува обожаватели е што пејачката најави дека во 2026 година ќе издаде продолжение на гореспоменатиот албум.


„Речиси две децении подоцна, се чувствувам како дома со Warner Records. Се враќам на музиката, на подиумот за танцување, таму каде што сè започна! COADF – Дел 2.2026“, напиша таа во описот.
„Кралицата се врати“, „Те сакам засекогаш“, „Изгледаш фантастично како и секогаш“, „Штотуку заборавив на сите мои проблеми“, „Ова нѝ требаше“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

