Лукашенко тврди дека војната во Украина наскоро ќе заврши и дека Западот може мирно да спие

by Тони Зографски

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во четвртокот даде интервју за „Асошиејтед прес“ во кое зборуваше за текот на војната во Украина. Тој зборуваше и за можноста за употреба на нуклеарно оружје во овој конфликт. Лукашенко рече и дека е убеден дека крајот на овој конфликт нема да се одложи толку долго, како што некои светски политичари и аналитичари тврдат и очекуваат..

„Не сум доволно навлезен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, дека имам чувство дека оваа операција беше одлговлекувана и се одлговлекува одложена“, рече Лукашенко за време на 90-минутно интервју во Палатата на независноста во Минск.

„Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Правиме сè’ за да спречиме војна. Искрено, преговорите меѓу Украина и Русија започнаа благодарение на мене“, рече Лукашенко.

„Но, зошто Украина, на чија територија се одвива војната и каде умираат луѓе, не е заинтересирана за тие преговори?“, додаде тој.

Претходно оваа недела белоруската војска најави вонредни вежби, што предизвика загриженост во Украина. Меѓутоа, Лукашенко денеска за АП изјави дека вежбите не претставуваат закана за никого.

„Ние не се закануваме никому и немаме намера никому да му се закануваме. Згора на тоа, не можеме да го сториме тоа бидејќи знаеме кој е на спротивната страна. Не е во наш интерес да поттикнуваме каков било конфликт овде на Запад. Така, Западот може да спие мирно“, рече тој.

останати вести