Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ за 2018

by Тони Зографски

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е освојувач на „Златната топка“ за 2018 година, награда, која што ја доделува „Франс Фудбал“..

На свечена церемонија во Париз, зад него далеку беше минатогодишниот победник Роналдо, а третопласиран беше Гризман. Следуваат Мбапе, Меси, Салах, Варан, Азар, Де Брујне и Кејн, кои ги комплетираат најдобрите десет фудбалери за 2018 година.

Инаку, добрите настапи на клупско и репрезентативно ниво на Лука Модриќ му овозможија оваа година да добие уште три награди – најдобар фудбалер на Светското првенство„The Best“ од страна на ФИФА и фудбалер на годината според изборот на УЕФА.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com