ЛУДИЛО: Свештеник во Бразил главен хулиган – пијан и во прв ред во напад по фудбалери (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Навивачките нереди не се ништо ново, хулигански групи со години и децении на најразличен начин се пресметуваат или бесни се нафрлаат на своите фудбалери, ама во Бразил во прв ред меѓу највоинствените се најде и еден пијан свештеник.

Хаосот е на мечот Парана – Унијао, кој заврши со 1-3 за гостите, по што Парана испадна во понизок ранг, а сето тоа ги разгневи домашните навивачи кои тргнаа да ги тепаат своите фудбалери. Дел од нив влегоа на терен, почнаа да ги тепаат, фудбалерите возвратија, па влезе полицијата за да заведе ред и…

И во прв ред е свештеникот, кој кон полицијата која ги штитеше фудбалерите и кон играчите фрлаше со сѐ што ќе му дојде или ќе најде при рака. Ама од што е пијан, делуваше комично во „нападот“.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com