ЛЕТОТО НЕМА ДА МУ МОЖЕ НИШТО НА ВИРУСОТ: Само имунитет ќе не спаси од короната

by Тони Зографски

Летните температури на северната хемисфера  веројатно нема многу да влијаат на пандемијата од коронавирусот, тврдат научниците од Принстон, пренесува Индекс.хр. Станува збор за прелиминарни податоци и врски меѓу климата и Ковид-19Р, кои во многу непта се непознати. Студијата,  објавена во списанието  Science, не ја исклучуваа таа врска, но заклучува дека влијанието на климата врз ширење на вирусот е „Скромен“.

„Нашите откритија покажуваат дека без влијателни мерки на контрола, вирусот ќе продолжи да се шири и во текот на топлото и влажно време. Топлите температури нема значајно да ја сопрат епидемијата”, се вели во студијата.

„Предвидуваме дека потоплото и повлажното време во првата фаза нема да го забават ширењето на вирусот“, изјави Рејчел Бекер од Принстон.

Иако климатските влијанија, посебно влажноста во воздухот имаат улога во ширењето на другите коронавируси и грипови, авторите на студијата велат дека во овој случај е поважно ширењето на колективниот имунитет на Ковид-19.

„Општо говорејќи, вирусот ќе продолжи да се шири затоа што меѓу населението нема доволно имунитет“, појасни Бекер и додаде дека во земјите како Бразил, Еквадор или Австралија, во кои времето е потопло, не било забележано влијание на временските прилики на ширењето на вирусот.

Според авторите, без мерки за контрола или вакцина, вирусот ќе продолжи да се движи меѓу големите делови од светската популација и подоцна ќе стане сезонска болест откако ќе му се намали „залихата“ на неизложени домаќини.

останати вести