„Легнав врз мртвите другари, за да мисли дека сум мртва“: Страшно сведоштво на ученичка за пукањето на Врачар (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Коста К. (14) утрово уби најмалку осум деца во престрелка што се случила во училиштето „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар. Според Нова.рс, тој прво пукал во чуварот, кој се обидел да го запре и да му го земе оружјето.

Родител што дал изјава за Новости рекол дека неговиот син ги слушнал истрелите.

„Излегол надвор и мислел дека се петарди и кога сфатил, истрчал да ја спаси својата помала сестра“, вели тој.

„Тогаш убиецот веќе пукал неконтролирано и овој упаднал во одделението каде што била сестра му за да ја спаси и учителката му кажала Не трескај глупости, излегувај. Тој бил решителен и ѝ рекол на сестра си – не, ти доаѓаш со мене – и така ја извлекол сестра си. И тогаш сите почнале да бегаат, бидејќи сфатиле што се случува.“

„Дотрчав тука и не знам што се случува“, рекол човекот, кој целиот се тресел.

„Таткото на едно од девојчињата упаднал во училиштето и ги видел мртвиот чувар и две девојчиња како лежат една врз друга. Страшно, не ми се верува.“

Нова.рс го пренесува сведочењето на девојче што било сведок на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

„Почна неконтролирано да пука, во рацете држеше два шаржери, прво пукаше во наставничката по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши другари, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва. Излезе од училницата, и натаму се слушаа истрели. Кога станав, го видов Драганче мртов“, раскажало девојчето.

Како што објаснила, ученикот што пукал учел со неа во одделението, пренесува Нова.рс.

https://twitter.com/i/status/1653686796352475136

Пред училиштето комби со натпис „погребни служби“

Амбулантните возила, кои во голем број биле паркирани на влезот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ си заминале, а пред училиштето пристигнало комби со натпис „погребални служби“, јавува репортерот на Н1. Простор пред влезот на училиштето и понатаму е опкружен со ленти во широк лак.

Полицајците сѐ уште стојат покрај лентите со натпис „стоп полиција“.

останати вести